Исто како во филмот "Forrest Gump" со Том Хенкс во главната улога, Свини преминал вкупно 5.500 километри до Лос Анџелес до Бостон.
Американецот Патрик Свини ги освоил симпатиите на целокупната светска јавност, откако ја претрчал цела Америка од Западниот до Источниот брег за 114 дена!
Исто како во филмот "Forrest Gump" со Том Хенкс во главната улога, Свини преминал вкупно 5.500 километри до Лос Анџелес до Бостон.

За разлика од Том Хенкс, односно Форест Гамп, кој трчал бидејќи така сакал, Свини трчал за да собере повеќе пари за хуманитарната организација која промовира трчање кај децата.
Свини минал низ целта на Бостонскиот маратон, на кој трчал три пати. За епското патување му биле потребни 114 дена. Тој често трчал и целосно бос.

"За време на патувањето наидував на многу ѓубре, но и на некој дијамант. Мислам буквално. Покрај патот пронајдов свршенички прстен со дијамант", рекол Свини и додал:
"Размислував како се нашол тука, и според мојата теорија, девојката рекла "Не", па момчето се изнервирало и го фрлило", рекол Свини за Business Insider.

Налетал и на маж кој му вперил пиштол во глава. "Прво слушнав истрел, а кога се свртев, тој држеше пиштол вперен во мојата глава. Можеби сакаше да ме предупреди бидејќи трчав во близина на неговата куќа".
Свини по пат спиел во автомобилите на неговите пријатели кои го следеле. Тој на социјалните мрежи водел дневник од патувањето со фотографии.