Тамара Грујовиќ: Наталната карта може да предвиди шокантни детали, на пример, во хармоничната врска, некој да е неверен

Точка

14/05/2015

20:11

36.694

Големина на фонт

а а а

Тамара Грујовиќ, девојката која плени со својот изглед, знаење и шарм и ја работи најубавата работа на светот. Изработува натални карти, предвидува и гледа многу работи кои некои луѓе не можат да ги видат кај себе. Одблиску со Тамара, во ова интервју за Точка.

Тамара, како започна твојата заинтересираност и поврзаност со астрологијата?

Во однос на почнувањето да се занимавам со астрологија и изработка на натални карти, имав олеснителна околност затоа што мајка ми учела порано и се занимавала со тоа. Ми било интересно нејзе кога ја слушав како зборува и ме заинтригира да почнам јас да читам. Тогаш сфатив дека може многу повеќе да се научи и да се навлезе подлабоко во светот на астрологијата.


Веќе три ипол години работиш како астролог. Колку знаење е потребно за да се работи тоа?

Мора да има период на подготовка, јас конкретно учам веќе 7 години за да го работам она што го правам денес. Ми требаше време да се одлучам на тој чекор да работам активно со луѓе. Но еве ме денес, среќна и задоволна од она што го работам со многу љубов и посветеност.

Што е Тамара во хороскоп?

Јас сум стрелец, подзнак девица.

Каква е твојата натална карта, што си предвиде за себе?

Си предвидов дека ќе бидам добар астролог (хаха). Посветена во она што е моја професија.

Кој е твојот принцип на правење натална карта кај луѓето?

Генерално, секој има различен принцип на работа. Толкувањето на наталната карта е анализа на точно дадени податоци, датум и град на раѓање, точно време на раѓање, по можност до минута и потребно ми е да го знам полот на личноста чија натална карта ја изработувам. Врз основа на одредени математички пресметки, јас ја изработувам наталната карта, правам анализа на 12-те полиња кои се содржани во една натална карта. Тие полиња претставуваат 12 животни области подеднакво важни за секоја наталната карта. Како најважна точка секогаш се зема подзнакот и од таму како некоја одредница се прави почетната слика, се обработува психолошкиот профил, кариера, деца, брак, здравје... Многу често ме прашуваат за факторот судбина во наталната карта, за кој не можам да речам дека го избегнувам, но се фокусирам повеќе на факторот- слободна волја кој секој од нас го поседува. Не сакам луѓето да бидат врзани со тоа дека така е пишано и така мора да биде. Дефинитивно постојат работи кои не можат да се избегнат, меѓутоа постојат детали на кои може да се влијае, како што е работата на себе и степенот на свесноста.


За колку време изработуваш една натална карта?

За еден ден можам да сработам една натална карта. Претежно работам со луѓе над 20 години, сметам дека може да се изработи и за новороденче натална карта, но мислам дека не треба да се вознемирува детето додека е уште младо. После може да се направи насока за кариера и студии која може да биде корисна за децата, но ништо повеќе од тоа не советувам да се каже на најмалите.

Која е најчудната натална карта која што ја имаш изработено?

Нема чудни или бомбастични натални карти, генерално сметам дека совршенство не постои кај никого. Меѓутоа сум имала ситуации во кои луѓето имаат многу добри натални карти, но не го користат доволно тој потенцијал. Сите луѓе јас ги гледам исто, сите се еднакви. Без разлика за кого станува збор, не ми е важна нивната кариера, професија, кои се и од каде се.


Кој пол е предодреден за подобри натални карти, мажите или жените?

Зависи, не станува збор за полот. Датумите и други детали што ги наведов (дополнително се и генетиката и средината во која се расте) се важни за наталната карта.

Како влијае знакот и подзнакот за наталната карта?

Може да има хармонична поставеност на знакот и подзнакот во наталната карта, во однос на елементот, дали се огнени, воздушни, земјени или водени. Подзнакот е важен за младоста, додека хороскопскиот знак е целта до која индивидуата има задача да стигне. Пресудно е каде се стационирани голем дел од планетите, какви меѓусебни аспекти или односи градат и тоа ја дава комплетната слика. Постојат фиксни ѕвезди, степени, одредени точки кои дополнително ја дефинираат сликата за се’. Не може да се каже врз основа на знак или подзнак дали некој има хармоничен знак со подзнак.


Кој профил на луѓе најчесто ти се обраќаат?

Различни, ако ме прашуваш за професија, апсолутно ги има од сите сфери кои што доаѓаат. Сите возрасти буквално, само над 20 години, секако.

Ти се случило некој да разочараш или да не го слушне тоа што сака да го слушне?

Да, за жал. Тоа е понепријатниот дел од оваа професија. Затоа и одбирам да работам со возрасни луѓе затоа што сепак има информации кои човек треба да е подготвен да ги слушне. Јас сакам секогаш да донесам убави вести за сите, но некогаш ги разочарувам кога ќе слушнат некои работи за кои не биле спремни. Секако, ги советувам и подготвувам како да се снајдат, како да го прифатат тоа, како да пребродат одредени проблеми или препреки. На некои луѓе им е олеснителна околност кога ќе ги соочам со проблемот кој ги очекува или некој убав настан.


Наталната карта важи за цел живот?

Наталната карта се прави еднаш во животот, но има луѓе кои се советуваат повеќе пати со повеќе астолози. Посебен метод на предикција во астологијата се годишните хороскопи кои јас ги вметнувам во процесот на правење на натална карта и тука се дава тој прозорец кон идинината низ кој може да се зирне нешто повеќе, очекувања за наредна или понаредна година. Самата натална карта го опишува потенцијалот, а активирање на потенцијалот следи преку транзитните планети кои активираат одредени точки во картата.

Се случувале ли шокантни сознанија да се дознаат од картата?

Да, имало случаеви кога слепо веруваат на партнерите, а ситуацијата е сосема поразлична, им доаѓа како шок затоа што работите се случуваат онака како што се случуваат. Изборот на професија или пак погрешен тајминг врзан за тоа. Понатаму предвидување венчавка, а тие се уште не се во врска. Најважно е за здравствената состојба да бидат предупредени на време.


Која е рекацијата на твоите клиенти кога ќе видат дека станува збор за згодна девојка која ќе им прави натална карта?

Интересни се реакциите, ме прифатија одлично, не можам да се пожалам, секогаш кога ќе ме прашаат со што се занимавам, мојот одговор е дека ја работам најубавата работа на светот. Мојата работа ми отвори можност да запознаам прекрасни луѓе, луѓе од кои јас се трудам да го извлечам најдоброто, меѓутоа и научив многу од нив.

Која е Тамара приватно?

Приватно пак учам и сум во светот на астрологијата . Сосема нормална личност, функционирам како и сите луѓе, не се оптеретувам во однос на тоа што го работам, како што ги советувам сите оние кои доаѓаат кај мене. Додека дишам ќе изучувам астрологија. Таа има многу гранки и области кои што јас сакам да ги совладам и работам и ме чека уште многу. Сега за сега сум фокусирана за анализа на натална карта и дел од предиктивните методи.


Твој совет до сите читатели на Точка?
Да продолжат да читаат Точка. Ѕвездите им се наклонети ;)

Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро бар Барбакан