Др. Даница Алачка Дукоска: Матичните клетки од папочна врвца ги лечат и најтешките заболувања

Точка

14/04/2015

10:57

17.449

Големина на фонт

а а а

Некогаш се сметало за биолошки отпаден материјал, а денес лечи многу болести. Матичните клетки од папочна врвца се чудо на 21 век, еликсир на долговечност и лекување. За што подобро да се информирате на оваа тема, др. Даница Алачка Дукоска детално ќе Ви каже за што точно станува збор. Во ова интервју за Точка, дознавате се‘ за матичните клетки од папочна врвца.

Што значи зачувување на матични клетки од папочна врвца?

Се работи за еден многу скапоцен материјал кој реално го имаме во само еден момент од нашиот живот, а тоа е моментот кога се раѓа нашето дете. Практично папочната врвца до скоро време се третираше како биолошки отпад. Со напредок на техологијата е постигнато да се зачува истиот тој материјал, а да не загуби од своите биолошки материјали и својства. Од 2000 година оваа услуга е понудена низ светот за приватни цели.


Како изгледа тој процес?

Во моментот на раѓање, било да е по природен пат или царски рез, врската помеѓу бебето и плацентата е сеуште непрекината и практично тоа се прекинува кога се сече папочната врвца. Во последната фаза е всушност пораѓањето на плацентата и папочната врвца. После цел тој процес, останува на самите родители да одлучат дали ќе ги зачуваат матичните клетки од таа папочна врвца или не.

Каде се чуваат тие матични клетки од папочната врвца?

Во повеќе земји, некаде тоа е и регулирано со закон, постојат препораки да секој матичен гинеколог е обврзан да ја информира жената во текот на бременоста дека матичните клетки од папочната врвца од нејзиното новороденче може да ги зачува во приватна или донира во јавна банка. Целта на овие препораки и регулативи е папочната врвца да не биде фрлена, бидејќи се работи за скапоцен билошки материјал кој може да спаси живот. Ние во Македонија се обидуваме оваа информација стигне навреме до идните родители. Потребно е навреме да се дознае за да може да се разгледаат сите аспекти. CryoSave е интернационална компанија која дејствува во 40 земји, а за територијата за Европа матичните клетки се чуваат во Белгија, во Ниел кој е на 20 км од Брисел.

Колку години може да се чуваат тие клетки?

Првите договори се потпишуваат на 20 години. Добро е после 20 години да се провери дали е се во ред со материјалот и дали е добро да се продолжи со чување на матичните клетки. Протоколот оди да и следното чување е на 20 години повторно кои и финански се поисплатливи.


Каков е трендот на чување кај нас?

Ние почнавме 2007-ма година, веќе 8-ма година сме на пазарот во Македонија. Го пратиме интересот, трендот. Мислам дека првите години имаше така почетна еуфорија околу целата тема, луѓето беа импресионирани од тоа што нудат матичните клетки од папочната врвца. Луѓето чекаат да видат некои револуционерни третмани за неколку месеци, но во медицината тоа оди поинаку. Таму и 10 години се мал временски период за револуционерни третмани. Точни податоци за кај нас не можам да прецизирам затоа што бројката секојдневно расте, но добро е да се каже дека трендот на зачувување е во пораст. Отварањето на CryoSave во Европа е во 2000 година, а кај нас CryoSave застапен преку Би-МЕК е присутен од 2007-ма.

Што се случува со матичните клетки доколку сопственикот одлучи после 20 години дека повеќе не сака да ги чува?

Тоа е во склоп на Европските регулативи на ваков тип на услуги. Постојат повеќе решенија. Доколку сопственикот не сака да го продолжи договорот, може да го донира за истражувања, може да го донира во јавна банка за друг пациент, може писмено да побара материјалот да се уништи. Било што да се одлучи се добива доказ од банката дека тоа е направено.

Што се’ може да се излечи од матичните клетки?

Постои една груба поделба на сите оние болести кои се третираат со матичните клетки и за кои се стандаризирани протоколите за терапија. Станува збор за некои 70 заболувања за кои јасно се знае како, колку и кога треба да се дадат матични клетки од папочната врвца. Тие болести се тешките заболувања на крвта, малигните заболувања од типот на леукемии, вродени анемии и ред други болести за кои не станува збор за истражувања туку точно се знае како се лекува. Во третманите за церебрална парализа се вложува многу и тие се посебно актуелни. Има примена во естетска и реконструктивна хирургија, кои се посебно популарни во Америка. Корекција на брчки, корекција на црти, разубавување, за регенерирање на кожа при широки опекотини, обновување на зглоб на рскавица кај артритис, кај срцев инфаркт за обновување на ткивото. Се прават срцеви залистоци во лаборатории па се вградуваат, се прават делови од вени и артерии. Навистина многу се вложува и прави во сето тоа. Се оди до таму да се прават органи за трансплатација затоа што главниот проблем во современата медицина е недостиг од органи за трансплатација на глобално ниво.


Кој се’ може да се излечи?

Од папочната врвца има два вида на матични клетки, во крвта и во ткивото од папочната врвца. Може да се зачуваат само матични клетки од крвта, но најчесто родителите се одлучуваат за вториот вид, затоа што тој пакет покрива најмногу заболувања. За лекување се бара одреден процент на компатибилност, која не мора да биде 100%. Зачувувањто не е само заштита за самото дете туку за целото семејство но не со 100% сигурност. Детето, браќа сестри од исти родители, па после доаѓаат мајката и таткото, а драстично паѓа шансата за бабите и дедовците.

Колку чини зачувувањето на матичните клетки?

Првиот пакет, само крв, чини 1750 евра за сите 20 години каде што се вклучени и почетните трошоците за праќање, обработка, анализи, затоа што од полна крв да се добијат матични клетки е висока технологија на процеси. Вториот пакет вклучува со крв и ткиво од папочна врвца чини 2200 евра. Постои можност за плаќање на 13 рати. Во било каков случај на компомитиран материјал, односно доколку се дознае дека станува збор за материјал кој не може да се користи тогаш семејството нема обврска да плаќа. Договорот за зачувување клиентите го потпишуваат со CryoSave, двојазичен е, усогласен со Европските регулативи за вавков тип на услуги и важи за во сите земји.


Располагате со модерни техники на испитувања кај мајката и новороденчето. За што станува збор?

Станува збор за персонализирана и предиктивна медицина, гранка на CryoSave која се наоѓа во Женева, Швајцарија, а лабораторијата се вика Генома. Од лани, од ноември во Македонија воведовме една гранка на предиктивната медицина преметалниот неинвазивен скрининг за рана детекција на хромозмски абнормалности кај трудници. Тоа значи дека веќе од 10-тата недела може да се открие дали носи жената плод со Даунов или некој друг синдром. Огромна придобивка од овој тест е дека се избегнува амиосинтеза која подразбира боцкање со игла во матката. Тоа носи многу ризици, а реален ризик е и спонтаниот абортус. За разлика од тој тест, со овој тест се зема 10мл венска крв од мајката и со иста точност и иста палета на заболувања многу порано жената може да знае каков плод носи. Овој тест чини 730 евра. Другиот тест кој го воведовме од неодамна е скрининг тест за 111 метаболни заболувања кај новородени и деца до 5 години и истиот чини 290 евра. Тестот се прави од обичен примерок од урина. Би сакала да потенцирам дека во одредени држави овој тест е задолжителен. Овој тест открива голема палета на метаболни заболувања (генетски грешки на организмот), колку порано, толку подобро. Затоа што колку порано се откријат може да се определи одредена терапија или превентивни мерки. Ако следиме дете на кое метаболно заболување е откриено на еден месец, и кај дете кое постои истиот синдром, а е откриено на 5,6 или 10 години, во првиот случај имаме нормален развој на дете, за разлика од вториот случај.


Ваш совет до сите идни трудници и млади мајки?

Денес медицината нуди многу можности, а интернетот ни нуди многу информации, така што секој може да донесе информирана одлука. Многу често се случува да луѓето пропуштат животни шанси затоа што ја немале точната информација на време. Така што, најважно е каква одлука и да донесат, тоа да е базирано на точни информации. Јас би препорачала кој може да си дозволи да зачува матични клетки од папочна врвца и истите да ги третира како животна инвестиција за здравјето на семејството.


Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро бар Барбакан