Како што општеството станува сè поотворено за трансродните личности, така и тие добиваат сè повеќе улоги и позиции во општеството. Многу од нив денес се занимаваат со јавни професии, а често имат и долги и успешни кариери како модели или пејачки.
Од 2004-тата година во Патаја се одржува Miss Tiffany’s Universe натпреварот за убавина на трансродни личности. Колку внимание всушност привлекува ова натпреварување најдобро ни покажува и самиот факт дека се пренесува и на националната телевизија а во просек го гледаат 15 милиони луѓе.
Иако се родени како мажи, за многу од нив веројатно никогаш не би кажале дека се мажи. Напротив. Овие пет "лејдимомци" се исклучително популарни на Instagram мрежата.
1. Јеле Панвилас
Јеле работи како модел и досега се појавувала во многу телевизиски емисии. Таа ја носи титулата Miss Tiffany’s Universe 2012, а на светските натпревари го зазема местото втора придружничка. Медиумите во Банкок објавија дека е обвинета за злоставување на животни, откако таа ја фрли мачката на своето момче од прозорец.
2. Нетнапада Канлајанон
Нетнапада или само Нек, ја наследи титуата од Јеле на натпреварот Miss Tiffany’s Universe 2013, а учествувала и на Miss International Queen натпреварот.
3. Нонг
Нонг е исто така добитничка на национална титула на изборот за мис во 2007-та година. Таа беше и стјуардеса во P.C. Air, првата тајландска авиокомпанија која вработуваше исклучиво транссексуални личности. Откако оваа компанија беше затворена поради недостаток на финансиски сретства. Нонг стана водителка и хостеса на различни случувања.
4. Нонг Плој
Таа ја красеше дури и насловната страна на популарниот магазин "Volume". Долго се пишуваше за неа како за причина поради која врската на една од најголемите ѕвезди на Тајланд беше во криза.
5. Сами
Таа ја има титулата најубава трансродна личност на Тајланд и на светот која ја понесе во 2011-тата година. Денес, Сами е студент на Dhurakij Pundit Универзитетот каде студира уметност.