Болно: Рапер на Твитер пишувал вицови на сметка на загинатите во падот на германскиот авион!

Точка

25/03/2015

12:26

2.081

Големина на фонт

а а а

На тоа реагирале голем број на "Твитерџии" од Австрија и Германија, прашувајќи го како може да пишува такви коментари.

Австрискиот рапер "Money Boy" предизвикал гнев кај австриската и германската јавност, откако на Твитер пишувал вицови на сметка на вчерашниот пад на авионот "Airbus A320" на германската компанија "German Wings". Потсетуваме, авионот летал на релација Барселона - Дизелдорф, кога од непознати причини се урнал во француските Апли. Сите 150 патници и членови на екипажот загинале.

И додека вчера целиот свет жалел за жртвите на оваа трагедија, "Money Boy" на Твитер меѓу другото напишал:

"Која е разликата помеѓу "German Wings" и лутите пилешки крилца (Hot Wings) на "KFC"? Лутите крилца на "KFC" безбедно пристигнуваат во Германија".




Тоа што е уште полошо, е тоа што "Money Boy" не застанал на овој коментар. ""German Wings" се урнал бидејќи еден од патниците заборавил да го префрли својот мобилен на "Airplane mode"", гласел другиот твит на раперот.




"Money Boy" сè уште не ги избришал своите скандалозни твитови, и покрај бројните негативни коментари на таа социјална мрежа.