Јајцата, особено ако се подготвени без многу маснотии, се една од најдобрите опции за појадок, особено ако им додадете и некоја лесна салата и малку печеница или шунка.
Сепак, пржените јајца или кајгана, не мора воопшто да ги подготвувате на шпорет, туку тоа може да го сторите и во микробрановата печка. Еве и како...
Кајгана
Земете било каков огноотпорен сад и налејте малку масло, скршете едно јајце и благо изматете го. Ставете го во микробранова печка на највисока температура и тоа точно една минута. Вашата кајгана е готова!
Поширано јајце
Земете било каков огноотпорен сад и во него налејте вода. Скршете едно јајце, сипете го во водата водејќи сметка жолчката да не се разлее, а потоа покријте го садот со чинија. Ставете го огноотпорниот сад во микробранова печка на највисока температура една минута и десет секунди. Потоа полека извадете го и превртете го јајцето, а потоа вратете го уште 45 секунди. Вашето поширано јајце е подготвено!
Јајце на око
Подгответе еден огноотпорен (керамички сад), ставете во микробранова печка за добро да се загрее на највисоката температура отприлика две до две ипол минути. Потоа, извадете го садот внимателно за да не се изгорите, и премачкајте го со тенок слој путер. Скршете едно јајце во него и вратете го во микробрановата печка уште 45 секунди. Вашиот вкусен оброк е готов!