Овој зачин буквално ги топи масните наслаги

Точка

19/02/2015

13:06

8.509

Големина на фонт

а а а

Куминот можеби не е толку популарен зачин во Македонија, но тој може да се купи речиси во секоја продавница за здрава храна, а може да се набави по навистина пристапна цена.

Овој навистина чудесен и исклучително лековит зачин претставува вистински благодет за човечкиот организам бидејќи не само што го поттикнува зајакнувањето на имунолошкиот систем, тој може да ви помогне и кога сакате да се ослободите од вишокот на килограми, и тоа сосема ефикасно.

Според едно истражување спроведено во Иран, 88 испитаници биле поделени во две групи. Секоја група во текот на три месеци била на ист режим на исхрана која броела 500 калории помалку во однос на нивниот претходен режим на исхрана.


Разликата се состоела во тоа што едната група добивала нешто помалку од една мала лажичка кумин кој го консумирала секој ден со 150 милилитра јогурт.

После три месеца испитаниците од групата која консумирала кумин имале во просек 2 килограма помалку во однос на другата група која не го користела овој зачин. Исто така, испитаниците кои редовно консумирале кумин имале и пониско ниво на лошиот холестерол и генерално подобра крвна слика.

Како што испитаниците кои учествувале во оваа студија го користеле куминот секојдневно, тие веќе се навикнале на поинтензивни зачини, па не им пречело ова количество на кумин да го внесат со само половина шолја јогурт. Сепак, бидејќи овој зачин има многу интензивна арома, ви предлагаме да започнете со помало количество.


Додадете четвртина мала лажичка во вариво како што е боранијата, компир манџата или било кое друго јадење по ваш избор.

Направете сопствена мешавина од зачини која ќе ја чувате во стаклена тегла и ќе ја користите по потреба. На пример, промешајте алева пиперка (црвен пипер), лук во прав, кумин, сушен целер, бибер, сол, лута толчена пиперка и малку куркума.

Кога и да правите домашен мајонез, сенф, хумус или баба гануш, обавезно додадете барем 1/8 мала лажичка кумин.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk