Крвава тепачка во турскиот парламент: Пратениците се тепале со столчиња и чекан, повредени петмина

Точка

18/02/2015

10:37

4.958

Големина на фонт

а а а

Двајцата од повредените морале да заминат во болница, а останатите биле згрижени во амбулантата во парламентот.

Пет пратеници биле повредени во тепачка која избила во турскиот парламент, при што биле користени столчиња, а пратениците се удирале и со чеканот и камбаната кои ги користи претседателот на парламентот за време на заседанијата, известуваат турските медиуми.


Тепачката избила рано утрово, откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог закон за безбедност, кој на полицајците би им дал поголеми овластувања за време на претрес и апсење, пренесува агенцијата AP.




Пратениците се степале на затворената седница, откако опозиционите пратеници, во обид да го спречат усвојувањето на споменатиот предлог закон, поднеле неколку барања кои немале врска со таа тема.


Пратеникот од прокурдската партија, Ертугрук Куркчу, изјавил дека за време на физичката пресметка во парламентот биле користени столчиња, а двајца од пратениците биле удрени со чекан и камбана.


Во болница биле пратени двајца пратеници, додека на Куркчу и на уште двајца им била пружена помош во амбулантата во зградата на парламентот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг