Имате проблем со ерекцијата? Можеби за тоа е виновна вашата мајка

Точка

18/12/2014

18:53

5.803

Големина на фонт

а а а

Многу мажи патат од некој вид на сексуална дисфункција, можеби тоа е предвремена ејакулација, нецелосна ерекција или целосна импотенција, а причината за тоа е многу изненадувачка.

Ако некогаш сте се запрашале што ве спречува во креветот и зошто не можете секогаш да постигнете ерекција, можеби изворот на вашите проблеми е таму каде што никогаш не би го очекувале, односно, можеби за тоа е виновна вашата мајка.


Истражување спроведено во Прага, во кое учествувале 960 мажи, сугерира дека лошиот однос со мајката во детството може да има трајни последици по потенцијата на мажот.

На испитаниците им биле поставени разни прашања за тоа каков однос имале со мајките додека растеле, а ги испитувале и дали имаат било каква еректилна дисфункција, како што е предвремена ејакулација или импотенција. На тој начин, научниците сакале да утврдат што се` влијае врз потенцијата кај мажите.


Истражувањето покажало поврзаност измеѓу половата дисфункција и лошиот однос со мајката во детството и подоцна во пубертетот, односно добата на прво заљубување. Исто така, оние кои изјавиле дека никогаш не се заљубиле, обично имаат повеќе дисфункции и просечната должина на половиот однос им трае помалку од една минута.

Истражувањето не покажало причинско-последична врска, туку само дека постои некоја поврзаност.