Но, дефинитивно не би требало да им верувате на сите приказни што ќе ги чуете, бидејќи некои нешта навистина не би можеле да ви бидат од корист, напротив, со нив само ќе си го изгубите драгоценото време.
Гума за џвакање без шеќер
Кога џвакате мастика, произведувате повеќе плунка, а таа природно го успорува боењето на забите. Кога вашата уста ќе се исуши, честичките од храна и бактерии се лепат на вашите заби и ја оштетуваат забната глеѓ. Најчести причинители за сувоста на устата се честото зборување на телефон, одредени лекарства (против депресија, анксиозност и проблеми со срцето) и кардио вежбите. За вашата уста да остане влажна, потрудете се да испиете доволно вода во текот на денот.
Сода бикарбона
Триењето на забите навистина може да влијае на надворешни промени на забите. Но, кога користите сода бикарбона, навистина е важно таа да биде мека за да не ја оштети забната глеѓ. Кога ќе наросите сода бикарбона на четката за заби секогаш најпрво намокрете ја со вода и погрижете се да користите мека четка за заби. На сличен начин како содата делуваат и пастите за избелување на забите.
Третман за избелување кај стоматолог
Длабоките дамки можат да се отстранат исклучиво само кај стоматологот. Бидејќи забите не се бојат секогаш поради исти причини, вашиот стоматолог може да ги одреди причините, па така да најде и соодветно решение за вашиот проблем.
Еве што во ниту еден случај не би требало да пробувате:
Енергетски пијалоци
Стоматолозите во ниту еден случај не ги препорачуваат енергетските пијалоци. Тие се многу кисели и можат да ја оштетат забната глеѓ, а покрај сето ова содржат и вештачки бои кои делуваат на менување на бојата на забите.
Морска сол и активен јаглен
Иако морската сол и активниот јаглен добро звучат и навистина можат да делуваат, стручните лица велат дека сепак би требало да се избегнуваат. Според нивните совети, активниот јаглен не е доволно истражен, па токму затоа и не би требало со него да се експериментира. Ако пак изберете да ги миете забите со морска сол и активен јаглен, може да дојде и до сериозни, па дури и трајни оштетувања на глеѓта.
Непроверени интернет совети
На интернет мрежата можат да се најдат навистина многу совети за избелување на забите. Но, следниве нешта сепак се препорачува да не ги применувате:
● Избелувач (бидејќи може да ја изгорите внатрешноста на устата и тој е општо многу опасен);
● Испирање со лимонов сок (тој е многу кисел и може хемиски да ја раствори глеѓта);
● Втривање на јагоди на забите (тие содржат голем број на витамини кои всушност ја отстрануваат бојата).