Расна војна во Фергусон: Полицаецот кој го уби црниот тинејџер ја враќа значката!

Точка

28/11/2014

15:26

3.336

Големина на фонт

а а а

Не е проблем дали, туку кога Дарен Вилсон ќе ја напушти полицијата, вели неговиот адвокат.

Дарен Вилсон, полицаецот од Мисури кој го убил црниот тинејџер Мајкл Браун и предизвикал немири во градот Фергусон, никогаш нема да се врати во полицијата, рекол денес неговиот адвокат.

Вилсон моментално е во преговори со полицијата во Фергусон за условите за неговото заминување, рекол адвокатот Нил Брунтрагер, пренесуваат агенциите.


"Не е прашањето дали, туку кога ќе ја напушти полицијата", рекол адвокатот.

Вилсон во август го убил невооружениот 18-годишен Мајкл Браун, тврдејќи дека тоа го направил во самоодбрана, потсетува AFP. Поради одлуката на поротата да не поднесе обвинение против полицаецот Дарен Вилсон, ширум САД биле организирани протести.


Адокатот Брунтрагер за CNN изјавил дека Вилсон, кој тврди дека има чиста совест, едноставно не може да се врати во полицијата со оглед на огорченоста која ја предизвикал целиот случај.

Еве ја и неговата страна од приказната:



Спонзорирани линкови

Маркетинг