"Срцето чука забрзано. Главата пулсира. Во стомакот трема. Бев нервозна, возбудена, исплашена и восхитена. Сето тоа во исто време. После долго сонување, подготвување, предвидување, конечно се случи. За девет месеци ќе станам мајка. Ќе дознаам за мајчинството од прва рака. Ќе знам што точно значи да се биде мајка. Ќе стекнам потполно ново сфаќање за улогата на една жена која во исто време се нарекува и мајка. Ќе дознаам и за искуствата на мајките за кои нивните деца вообичаено знаат многу малку."
Ви ги претставуваме 10–те нешта кои вашата мајка никогаш не би ви ги кажала.
1. Често плаче поради тебе
Плачеше кога дозна дека е бремена. Плачеше кога се породи. Плачеше кога прв пат те зема во прегратки. Плачеше од среќа. Плачеше од страв. Плачеше бидејќи се грижи. Плаче бидејќи чувствува длабока поврзаност за тебе. Ја чувствува твојата тага и твојата среќа, без разлика дали сте свесни за тоа или не.
2. Таа го сакаше последното парче пита
...но кога виде дека токму ти го гледаш тоа парче со тие слатки, големи очи, додека ги оближуваш усните со малечкиот јазик, едноставно се откажа од него. Знаеше дека ќе биде многу посреќна ако ти бидеш задоволна и сита, наместо таа.
3. Ја боли
Секогаш кога ќе ја повлечеше за коса, кога ќе ја изгребеше со малите нокти или додека цицаше, и тоа боли исто така. И кога ги удираше нејзините ребра додека уште беше во нејзиниот стомак, да и тоа боли. Таа доживеа неверојатна болка додека те донесуваше на овој свет.
4. Секогаш се плаши
Откако се родила замислата за тебе, таа прави се' само за да те заштити. Таа е таа која сакаше да и' каже "не" на девојката од спротивната страна на улицата кога сакала да те прегрне, бидејќи кај никој друг не е безбедно како кај неа.
5. Знае дека не е совршена
Таа е свој најголем критичар. Добро ги знае своите маани и понекогаш се мрази себе си поради нив. Таа сака да биде совршена мајка, да не прави ништо погрешно, но затоа што е човек, сосема е природно понекогаш и да се згреши. Таа со сигурност со целото свое срце понекогаш посакува да го врати времето назад и да постапи поинаку, но тоа едноставно не е возможно. Затоа почитувајте ја и имајте на ум дека таа направила токму онака како што мислела дека е најдобро во тој момент.
6. Те гледала додека спиеш
Имало ноќи кога таа била будна и до изгрејсонце, и се молела конечно да заспиеш. Дури потоа, целиот нејзин замор знаел едноставно да исчезне, со само еден поглед во твоето ангелско лице, со неизмерна љубов за која не знаела дека воопшто постои, и покрај заморните раце и болките во очите.
7. Те негувала многу подолго од 9 месеци
Таа учела да те држи додека чистела, учела да те држи додека јадела, таа учела да те држи додека ги извршува сите секојдневни обврски, нејзините раце едноставно биле заморни, но сеедно, таа секогаш те носела во раце бидејќи сакала да бидеш во нејзина близина.
8. Срцето и се кине секогаш кога плачеш
Не постои потажен звук од твојот плач, ниту полош знак од твоите солзи кои минуваат низ твоето совршено лице. Таа би направила се' за да ги запре тие солзи, а кога не може да го запре тој плач, нејзиното срце едноставно се распарчува на милион мали парчиња.
9. Секогаш сте на прво место
Заминувала без појадок, без туширање и без сон. Твоите потреби биле секогаш на прво место. Таа би поминала цел ден грижејќи се за тебе и на крајот на денот не би имала ниту малку сила за да се посвети на себе си.
10. Повторно би го направила истото тоа
Да се биде мајка е една од најтешките "задачи" која може некому да му се довери, но е и исто така една задача која го овозможува најголемото задоволство и љубов за која не сме ни знаеле дека е возможно да постои. И покрај целата болка, тага, ненаспаност, таа повторно би го минала целиот тој пат само поради тебе. Затоа, кога ќе ја видиш следниот пат, кажи и на својата мајка колку многу ја сакаш и колку си и благодарна за се' што сторила за тебе!