Британската терористка, 30-годишната Саманта Летвајт, која била позната и под прекарот "Белата вдовица", наводно била убиена пред две седмици во Украина. Руската агенција "Regnum" јавува дека била погодена од руски снајпер. Саманта била една од најбараните луѓе во Велика Британија.
Руските тврдења сè уште не се официјално потврдени, а нејзиниот татко исто така немал никакви сознанија. Саманта била омажена за бомбашот самоубиец Џермејм Линдзи, а Британија наводно ја напуштила во 2009. година.

"Една од најбараните светски терористки, Саманта Летвајт, која се борела во склоп на еден украински баталјон, била убиена од страна руски снајперски доброволец", пишува Regnum, пренесува Daily mail. "Според нашите информации, "Белата вдовица" се борела на страната на украинскиот баталјон Ајдара", стои во текстот.

Во извештајот е наведено дека нејзин убиец бил снајперист од Русија, чија глава е проценета на милион долари. Последните неколку месеци се појавиле информации дека Самата се приклучила на Исламската држава, односно станала една од најмоќните жени во оваа терористичка организација. Соопштено било и дека обучувала специјален тим бомбаши самоубијци во Сирија, пишува Mirror.