Уживајте во фантастичното виртуелно возење од аголот на возачот на овој хиперавтомобил на Ferrari, LaFerrari, на легендарната патека во Монца.
Ferrari LaFerrari моментално претставува врв на автомобилската технологија на овој италијански производител кој е наменет и за редовен сообраќај, со софистициран хибриден погон, по прв пат применет на еден сериски модел од Маранело.
А како изгледа "кругче" во Монца од кокпитот на овој италијански хиперавтомобил, во текот на таканаречениот "Track Day", со други учесници на патекатa? Верувајте дека би било уште повеќе спектакуларно ако не беше тука друштвото од останатите автомобили кои изгледаа како единствено само да прават "гужва"!