Omate Lutetia – ексклузивен паметен часовник наменет за жените

Точка

18/10/2014

11:43

4.092

Големина на фонт

а а а

Првиот паметен часовник на компанијата Omate, Omate X, се најде токму во центарот на вниманието, но поради сосема погрешни причини, но тоа сепак не го спречи за и понатаму да остане во игра.

Omate X е паметен часовник кој и не беше толку многу фокусиран на префрлување на функциите од паметниот телефон на рачниот зглоб на корисникот, туку повеќе беше посветен на "простите" нотификации. Компанијата Omate сега претстави и уште еден сличен уред под имато Omate Lutetia, кој овој пат е наменет само за женската популација.


Овој паметен часовник е придвижен од истата Mediatek Aster MT2502 платформа како и првиот Omate X, давајќи и трајност на батеријата од цели недела дена, како и можност да работи со Android или iOS опреативен систем.


Покрај нотификациите, овој часовник исто така поседува и можност за контрола на музиката на телефонот, штоперката, тајмерот и нуди основна можност за издавање на говорни команди.



Она што го прави впечатлив овој елегантен паметен часовник е кружниот облик на дисплејот кој во голема мера потсетува на Moto 360, додека целокупниот дизајн им е посветен на жените.


Но дали на поубавата половина ќе и' се допадне ваквиот дизајн, останува само времето да покаже. Цената на Omate Lutetia паметниот часовник ќе изнесува 169 долари и неговата испорака ќе започне кон крајот на месец декември.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk