Еве како изгледаат денес ќерките на Брус Вилис и Деми Мур

Точка

17/10/2014

14:11

12.695

Големина на фонт

а а а

Тоа што се денес Бред и Анџелина, во 90-тите беа Брус Вилис и Деми Мур. Оваа успешна актерска двојка направи свадба во 1987-ма година и во 13 години долгиот брак добија три ќерки: Румер (26), Скаут (23) и Талула (20).

Брус Вилис и Деми Мур останаа блиски најмногу поради децата, а папараците повеќе пати ги имаат фотографирно како заедно со своите сегашни партнери одат во ресторан.


Најстарата ќерка Румер е родена на 16-ти август 1988-ма година. Оваа убавица тргна по стапките на своите родители и и' се посвети на глумата. Таа до сега се појави во повеќе од десет филмови и серии, а најавено е и дека ќе и' се приклучи на актерската екипа на популарната серија "Pretty Little Liars".



Скаут Вилис е родена на 20-ти јули во 1991-ва година. Оваа девојка моментално студира на престижниот Универзитет Браун, а неодамна предизвика скандал на Инстаграм кога објави свои топлес фотографии.




Најмладата ќерка, Талула Бел Вилис е родена на 3-ти февруари 1994-та година. Оваа млада девојка исто така одлучила да се занимава со актерство, но неодамна беше на рехабилитација поради зависност од дрога. По примерот на својата сестра и Талула објави топлес фотографии на социјалните мрежи.