Сон на секоја жена: Русинката реши да го продаде Mercedes-от кој е украсен со милион сваровски кристали!

Точка

09/10/2014

21:55

7.132

Големина на фонт

а а а

Автомобилот од сега е и официално во продажба и тоа на веб страницата eBay, а целиот износ ќе биде дониран.

Дариа Радионова (21), студентка од Русија која живее во Велика Британија, го понуди во продажба својот Mercedes CLS 350 кој е украсен со милион Swarovski кристали!


Почетната цена на веб страницата eBay, каде е и огласен, изнесувала 90.000 фунти (114.000 евра) а целиот приход е наменет за хуманитарни цели.


Инаку, таа својот сосема уникатен автомобил го претстави пред само три недели, кога изјави дека сака да поседува нешто што е уникатно и посебно, но и во таа прилика вети дека кога автомобилот ќе се најде во продажба целата сума од продажбата ќе биде донирана.



- Помалку е застрашувачка помислата да го оставам некаде на улица, бидејќи луѓето секојдневно се обидуваат да "извлечат" по некој кристал. Кога и да се вратам, секогаш мора да проверам дали е се на свое место, истакна таа во една прилика.

- Автомобилот е од сега и официјално во продажба и тоа на веб страницата eBay, а целата сума од продажбата ќе ја подарам на прифатилиштето за кучиња во Манчестер и Молдавија, изјави Радионова.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk