Како да: Направите сами моќно пенесто капучино

Точка

29/09/2014

13:20

6.385

Големина на фонт

а а а

Сигурно некогаш, додека сте пиеле капучино во своето омилено кафуле, сте помислиле дека би било навистина одлично кога би можеле и дома да направите толку добра кремаста пена.

Ние имаме добри вести за вас: густата и кремаста пена може да ја направите и сами, па дури и ако не поседувате скап апарат за кафе!

Замислувате утро со полја топло капучино во домашен амбиент? Но сепак немате "фенси" машина со чија помош би направиле преубава пена? За среќа, постои навистина едноставен трик кој особено ќе ги израдува љубителите на добро кафе.


Се' што ви е потребно за од обично кафе да направите кремасто капучино се микробранова печка, млеко и сад со капак.

Кремаста пена може лесно да се добие ако се следат овие два едноставни чекори. Сипете млеко во сад со капак кој може да се користи во микробранова печка. Садот наполнете го максимум до половина со млеко, со цел да оставите простор за пената која подоцна ќе се формира.


Протресете го затворениот сад најсилно што можење, се' додека млекото не го удвои својот волумен (околу 30 до 60 секунди). Тргнете го капакот од садот и потоа загрејте го млекото во микробранова печка околу 30 секунди.

Ќе се формира пена која ќе се искачи до врвот на садот, а топлината од микробрановата печка ќе и помогне за да се стабилизира и да не се распадне.


Жешкото млеко сипете го во кафето, а пената префрлете ја со лажица. Пожелно е да се користи млеко со отприлика два отсто маснотии или пак обезмастено, бидејќи од таквите млека најлесно се прави пена.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk