"Не умри магаре" до четврток, од тогаш ќе се подобри времето

Нетпрес

15/09/2014

12:45

1.429

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе се задржи умерено облачно, а попладне ќе има локален дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилување на ветерот, особено во источните и југоисточните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.