Ух, и нас не здоболи: Најлошите падови на манекенките на модните писти!

Точка

13/09/2014

17:59

10.335

Големина на фонт

а а а

Ваквите падови на манекенките најчесто ги предизвикуваат креативните и едноставно невозможни за носење парчиња облека, необичните писти, но во најголем број случаи - чудните чевли со високи потпетици.

Веруваме дека ова е навистина најсмешниот пад во историјата. Штом таа зачекори на пистата веднаш беше јасно дека нешто не е во ред. А кога манекенката се враќа кон соблекувалната, поради високите потпетици започнува да ја губи рамнотежата и паѓа. Но тука веднаш се појавува џентлмен од публиката кој и помага на младата манекенка.



За време на ревијата на Екатерина Кукарева, една од манекенките ја губи рамнотежата додека нејзините колешки манекенки едноставно продолжуваат да одат по пистата ко ништо да не се случува.



Поприлично лош пад. Манекенката ревијата ја завршува со едната висока потпетица во рака.



Манекенката која паѓа во дупка на пистата едноставно излегува и ја напушта ревијата.



Оваа манекенка успева да падне неверојатни четири пати за време на нејзиното поминување на писта!



Овде не станува збор ниту за високи потепетици, ниту за пистата ниту за креацијата која ја носи. Едноставно манекенката вртејќи се заносно паѓа во базенот.