Сензационално: Погледнете како изгледа новата Lada Niva!

Точка

26/08/2014

22:55

12.762

Големина на фонт

а а а

На интернет мрежата веќе се појавија и првите фотографии од концептот за новата Lada Niva која официјално ќе дебатира овие денови на Саемот за автомобили во Москва.

Непосредно пред Саемот за автомобили во Москва, на кој ќе дебатира и новата генерација на Lada Niva, поточно сега под Chevrolet логото, на интернет мрежата се појавија и првите фотографии од овој автомобил.

За сега, се работи за концепт-возило кое доколку се тече според плановите и го привлече вниманието на потенцијалните купувачи, во сериско производство би влегло во декември 2015-та година, а во продажните салони се очекува кон почетокот на 2016-та година.


Заедничкиот проект на General Motors и AvtoVAZ, новата Lada Niva, е релативно "порасната" во однос на оригиналниот модел – дури 260 милиметра во должина, со што може да се каже дека нејзината вкупна должина сега изнесува 4.316 милиметра.

Погонот и овојпат е секако на сите четири тркала, со блокада на средниот диференцијал, а тука е и двостепениот редуктор. Под хаубата се наоѓа и 1.8-литарски атмосферски агрегат кој ослободува 135 КС, а тој е впарен со петостепен мануелен менувач.


Како што е најавено од Chevrolet, до неговото пласирање на пазарот, Niva ќе добие поширока палета за избор на мотори, верзија само со погон на предните тркала, како и автоматска трансмисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk