Неколку факти за витамините кои треба да ги знаете

Доктори.мк

11/08/2014

13:28

9.692

Големина на фонт

а а а

Еве неколку интересни факти во врска со витамините кои треба да ги знете пред да почнете да ги користите активно.

Аспиринот и витамините - Сите кои редовно користите аспирин морате да знаете дека се додека го користите аспиринот, витаминот Ц полесно ќе се губи низ урината. Додека користите аспирин, витаминот Ц морате постојано да го надокнадувате.


Синтетички витамини наспроти исхрана - Никогаш немојте да помислувате дека со внесувањето на пилули со витамини ќе ги замените оние витамини кои морате да ги внесете со исхраната. Без разлика дали земате суплементи со витамини или не, морате да конзумирате храна богата со овошје и зеленчук, бидејќи во спротивно можете да го доведете здравјето во голем ризик.


Ресорпција на витамините - Морате да знаете дека синтетичките витамини се ресорбираат многу побрзо од оние кои се со природно потекло.


Корисност и предозирање - Без разлика на тоа што витамините се корисни за вашето здравје, никако не смеете да се предозирате. Ако внесувате големи количини на витамин Ц, на пример, можете да предизвикате дијареа, додека предозирањето со суплементи на база на железо можат да му наштетат на црниот дроб, срцето и мусклите, особено за мажите.


Б 12 за вегетаријанци - Б12 морате да го користите како суплемент доколку сте вегетаријанци. Иако можете да прочитате дека Б12 го има во некои растителни намирници, тој тип на витамин Б12 човековиот организам не може да го користи.


Како и да е, никогаш не заборавајте суплементите и синтетичките витамини никогаш не можат да ги заменат природните...


Спонзорирани линкови

Маркетинг