Момче се застрелало во глава обидувајќи се да направи "селфи" со пиштол!

Точка

05/08/2014

15:48

3.351

Големина на фонт

а а а

21-годишниот Оскар бил пијан и не бил свесен дека пиштолот е полн. Починал на пат кон болница.

21-годишниот Оскар Отеро Агилар од Мексико Сити починал откако случајно си пукал во глава позирајќи со позајмен пиштол за "селфи" фотографија, пренесува Мексиканскиот весник Excelsior.


Агилар пиел со своите пријатели и наводно имал испиено толку многу што не бил свесен дека пиштолот кој го држел во рака е полн. Мавтајќи со него и обидувајќи се да се фотографира, Агилар случајно се застрелал во главата.

"Слушнав истрел, а потоа слушнав дека некој вика и сфатив дека некој е повреден", изјавил соседот Манфредо Паез.

Тој додал "Повикав полиција веднаш, а кога пристигнаа тој се' уште беше жив". Агилар починал на пат кон болница. Пријателот на Агилар кој бил присутен, Омар Авенир Кампос Вивес е уапсен, а другиот пријател наречен "Ел Пако" се обидел да избега, пренесува Мексиканскиот весник Proceso.


Кога полицијата ги сослушала неговите пријатели тие изјавиле дека "се занимавале со пиштолот и се обидувале да направат фотографии со него кога одеднаш тој испукал".

Министерството за јавна безбедност изјавило дека смртта по се' изгледа дека е случајна несреќа и никакви обвиненија не биле поднесени против пријателите на Агилар.