Уште еден заразен од листерија

Нетпрес

26/07/2014

17:51

3.694

Големина на фонт

а а а

Денеска е потврден уште еден случај на листерија, кој што е примен на Инфективната клиника, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.

- Станува збор за маж роден 1966-тата година. Добивме потврда од микробиолошката лабораторија дека и кај него станува збор за листерија, рече ресорниот министер.

Инаку, листеријата досега во Македонија зеде четири жртви, а министерот Тодоров и претходно најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител поради жртвите од бактеријата.

Листериозата е бактериско заболување кое најчесто се појавува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, чадена риба итн. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени Целзиусови). Најчесто се регистрира меѓу постари лица со намален имунитет, бремени жени и новородени деца кај кои може да предизвика сериозни компликации како сепса, воспаление на мозочна обвивкаж, воспаление на срцева обвивка, воспаление на зглобови…


Спонзорирани линкови

Маркетинг