Нова афера: Бил Клинтон има нова љубовница, агентите на тајната служба ја кријат од Хилари!

Точка

22/07/2014

19:58

3.809

Големина на фонт

а а а

Станува збор за блондинка, а агентите на Бил и Хилари соработуваат на тоа информацијата да сокријат од сопругата на Клинтон.

Бил Клинтон има љубовница, а агентите на Тајните служби ја нарекуваат "Energizer", тврди Роналд Кеслер во својата нова книга "The First Family Detail: Secret Sevrice Agents Reaveal The Hidden Lives of Presidents", чии делови објавил колумнистот на New York Post Ричард Џонсон.

Еден дел содржи цитат од изворот кој открил дека "Energizer" нема проблем со влегување во домот на Клинтонови во Њујорк.

"Немој да ја сопираш, ниту да и се приближуваш, само пушти ја да влезе внатре", наведува изворот.


Љубовницата на поранешниот американски претседател има многу големи гради, бил цитиран во книгата и друг извор.

"Беше топол ден, а таа носеше топ со длабоко деколте. Кога се наведна, нејзините гради за малку ќе излезеа. Изгледа многу бујно. Нема никакво сомнение дека се вештачки", рекол еден од агентите за мистериозната љубовница.

Иако информации за наводната љубовница за Бил Клинтон има повеќе, New York Post пренел дека се работи за блондинка, и дека агентите на Бил и Хилари соработуваат на тоа да ги сокријат информациите од сопругата на Клинтон.

Кеслер во книгата тврди дека агентите на Клинтон ја кријат љубовницата како дел од одмазда, "бидејќи Хилари кон нив отсекогаш била злобна".


Спонзорирани линкови

Маркетинг