Овие рентген снимки дефинитивно ќе ве запрепастат

Точка

21/07/2014

14:40

7.005

Големина на фонт

а а а

Рентгенските снимки најчесто ни откриваат дали постојат скршеници кај коските, меѓутоа, се случува и да се видат потполно неочекувани објекти.

Професијата рентген техничар не е воопшто лесна, Покрај тоа што на снимањата често доаѓаат тешко повредени луѓе, личностите кои снимаат со рентген често пати гледаат и сосема неочекувани и неверојатни објекти во телата на пациентите.

Иако со помош на рентген снимките најчесто се гледа дали постојат скршеници кај коските, се случува и на самите снимки да се видат потполно неочекувани нешта.


Така, меѓудругото во Австралија е забележан случај кога во телото на едно момче од осум години се откриени оловни топчиња од сачми. Се испоставило дека детето консумирало гуска која била убиена, а лекарите од момчето извадиле 57 оловни топчиња, но и неговото слепо црево.


Но, што да се каже за шокот на техничарот кој кога ја здогледал рентген снимката видел шајка која била буквално забодена во човековото срце?


Веста пак за жената која имала 57 години и на која забниот имплант и завршил во главата исто така се прошири со брзина на светлината.


Покрај бизарните повреди, чест случај е во телата на луѓето на рентгенските снимки да се откријат и инструменти и предмети кои лекарите често знаат да ги заборават во текот на хируршките интервенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk