„Момент кој засекогаш ќе го паметиме"

Точка

14/07/2014

10:00

1.810

Големина на фонт

а а а

„Најдобри кога е најпотребно“, вака накратко го ремизираше вчерашниот натпревар капитенот на Германија, Филип Лам.

„Ова што го постигнавме, па тоа е неверојатно. Се подигавме во текот на целиот турнир и не потклекнавме кога беше најтешко. Секогаш заедно како екипа одевме понатаму. Стоевме на договорот и еве не', овде стојам пред вас како светски шампион. Неверојатно чувство“, изјави капитенот на Германија, Филип Лам и додаде:

„Видете, рековме пред натпреварот дека нема да се повтори натпреварот против Бразил. Знаевме дека нема да водиме со 5:0 до 30-та минута од натпреварот, но бевме трпеливи и на крајот сме наградени за тоа“, заклучи Лам.


Ова е триумф на целата екипа - „Ова е триумф на целата екипа. Значи не само на играчите, туку и на сите луѓе кои се со нас од првиот ден. Ова славје нема засекогаш да трае, но затоа овој момент засекогаш ќе го паметиме“, изјави најдобриот голман на Мундијалот, Мануел Нојер.