Скандал во Велика Британија: Пратеници и министри силувале деца

Нетпрес

08/07/2014

14:05

1.373

Големина на фонт

а а а

Најмалку 20 истакнати личности, меѓу кои и поранешни пратеници и министри, со децении злоставувале деца, тврди поранешен функционер за заштита на децата, Питер МекКелви.

МекКелви чии обвиненија резултираа со полициска истрага во 2012-та година, рекол дека моќната елита педофили извршувала најлош облик на злоставување.

Тој исто така рекол дека постојат докази дека голем број политичари се вмешани во мрежата на педофили.

- Мислам дека зборуваме за околу 20 луѓе кои се директно вмешани и уште поголем број луѓе кои знаеле за тоа, биле во позиција да реагираат, а не превзеле ништо, рекол МекКелви.

Тој додал дека некои од луѓето за кои се верува дека злоставувале деца се веќе мртви.


Спонзорирани линкови

Маркетинг