Посветена на софистицирана комуникација соодветна на брендовите со кои работи, Прилепска Пиварница со задоволство ја претстави најновата рекламна кампања за својот носечки бренд Златен Даб.
Она што оваа година го направи Даб за своите корисници е нешто што долго ќе се зборува.
Зад маркетинг комуникацијата на Прилепска Пиварница стои агенцијата Футура 2/2, која веќе неколку години наназад посветено работи на комплетното позиционирање, брендирање и пласирање на брендот Златен Даб. Она што започна со редизајн на пакување и нов корпоративен визуелен изглед, продолжува со стратешки осмислена комуникациска платформа – “Овој Даб е за тебе”, која оваа година доживува вистинска кулминација.

Ваквиот иновативен и интерактивен пристап е не само знак на благодарност на Даб за своите фанови, туку и потврда за важноста на корисниците за успехот на брендот. Инспирирана од претстојното Светско фудбалско првенство, кампањата е директно поврзана со веб страницата www.mostwanted.mk, каде што секој гледач може да создаде свој филм и да се почувствува како вистинска ѕвезда. Со ваков третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата “Овој Даб е за тебе” во преден план го става токму корисникот, на кој му се приредува искуство што долго ќе го памети. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност, и затоа овој Даб е за сите нив!

Изработена во соработка со познати продукциски куќи чиј посветен и храбар пристап овозможи да се постигне висококвалитетен изглед на приказната и возбудлива динамика на нарација, оваа реклама ќе ги предизвика гледачите и ќе им понуди визуелно искуство што долго ќе се памети.