Овие штетни хемикалии ги внесуваме со секојдневната исхрана!

Точка

30/05/2014

19:10

12.023

Големина на фонт

а а а

Ако не го проверувате внимателно составот на храната кој секогаш е наведен на амбалажата, тогаш постои голема веројатност дека внесувате состојки кои никогаш, па дури ниту во лудило не би ги консумирале.

Тука спаѓаат низа од состојки, почнувајќи од вештачките бои, па сe' до конзервансите кои го спречуваат настанувањето на мувлата.

Сол - Извршниот директор на Центарот за наука во јавниот интерес, Мајкл Џејкобсон, кажува дека со намалување на вносот на сол во нашиот организам би можеле да се спасат дури и до 100 илјади животи годишно. Азодикарбонамидите кои ја разградуваат солта на материи кои можат потенцијално да бидат и канцерогени, па токму затоа со намалениот внос на сол би требало да се практикува уште веднаш. Процесот во кој производителите на храна самите го намалуваат процентот на солта во храната, е премногу бавен, па секако вие треба да внимавате на составот на намирниците.

Вештачки бои - За жал, поголемиот дел од храната која се продава на нашиот континент содржи вештачки бои, а таквите производи треба да поседуваат ознака за предупредување за ризиците поврзани со боите и хиперактивноста кај децата. Токму затоа секогаш треба да го прочитате составот на амбалажата и треба да знаете дека споменатите бои се синтетизирани од катран и нафта. Вештачките бои се присутни скоро во секој производ, најчесто во соковите, слатките, пекарските производи, пудингот, џемот, тестенините, сирењето, па дури и во лебот, замрзнатите производи, брзата храна и секако, сладоледот.

BHA и BHT - Неодоливите грицки како што е чипсот многу често се подготвуваат во растително масло, а токму тоа масло може да биде опасно за здравјето откако тие ќе се спакуваат при постапката на оксидација. Бутилираниот хидроксианизол (BHA) и бутилираниот хидрозитолуен (BHT) се антиоксиданси и конзерванси врз база на нафта кои се користат токму за да се спречи оксидацијата и за да се продолжи рокот на траење на производот. Со разградување на BHA и BHT се ослободуваат штетни канцерогени материи во нашето тело. BHA може да се смета за канцероген, но сепак сe' уште е легално да се внесува во храната. BHA многу често се користи кај гумените и нафтените деривати и во козметичката индустрија. Него ќе го пронајдете и во фолиите за пакување, житарките, виршли, плескавиците, гуми за џвакање, маргаринот, растителните масла, козметиката, пивото и храната за животни.


Бромирано растително масло - Ова растително масло е обично растително масло во кое е додаден хемискиот елемент бром. Токму поради тој додаток не мора да ги протресите соковите пред отворање бидејќи бромираното растително масло рамномерно ги распоредува молекулите кои се одговорни за вкусот во пијалокот. Сепак, бромираното растително масло е забрането во многу европски земји, но за жал, тоа се' уште може да се најде како составен дел од многу пијалоци, меѓу кои најчести се газираните. Бромираното растително масло се користи и во спрејовите за нос, фарбите за коса и уште низа од други производи.

Калиум сорбат - Ова е конзерванс кој го спречува развивањето на габичките и мувлата во млеката, јогуртите, сирењата, тортите и сувомеснатите производи. Тој е еден од најчесто користените конзерванси во светот.

Диметил-полисилоксан - Се работи за вештачка супстанција која се користи против пенење и згрутчување и притоа има широка примена во прехранбената индустрија. Тој е на база на силикони и го спречува пенењето на маслото, за време на пржење на помфрит но и го продолжува неговиот рок на траење. Оваа вештачка супстанца се наоѓа во скоро сите видови на прехранбени производи, па дури и во чоколадите и гумите за џвакање. Оваа материја се користи често и во козметиката, особено во шампоните за коса.

Калциум пропионат - Се работи за конзерванс кој често се додава во лебот и пецивата, бидејќи тој го спречува или го намалува растот на микроорганизми. Освен тоа, често се користи во тутунската индустрија како конзерванс. За сега се смета дека е безбеден по нашето здравје, но за да го избегнат, одредени производители на леб и пецива како замена користат пченично брашно.

Red 4 - Ова е боја храна но и за кармини. Повеќе е позната под името K-carmin, Red 4 или екстракт од инсектот cochineal. Се добива од сварени и издробени инсекти, а поради интензивно црвената боја може да се пронајде и во бомбоните и сличните производи кои се со интензивно црвена боја. Нејзиното користење е широко распространето, но сепак некои производители тврдат дека не ја користат, а во нејзина замена користат бои добиени од сок од домати.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk