Животната биографија на Софија Лорен е прилично возбудлива. Пред се' таа е најнаградуванатa италијанска актерка, карактеристична по полните усни и крупните очи и e прва актерка што доби Оскар за звучен филм кој не беше од англиското говорно подрачје.
Кариерата ја започнува многу млада, уште на 14 годишна возраст. Тогаш се пријавила на избор за убавина, а сосема неочекувано таа влегла во финалето, но сепак не победила. Сепак, Софија го привлекла вниманието на дел од присутните, па потпишала договор со продуцентот Карло Понти кој и организирал токму часови по глума.

Во 1951-та година таа ја добива и првата мала улога во филмот "Омилена" кога зпочнува да го употребува и уметничкото име Софија Лорен.
До средината на 50-те години, Софија Лорен во Италија е веќе вистинска ѕвезда и секс симбол, но малку од нејзините филмови се промовирани надвор од границите на државата.

Пресвртот во нејзината кариера и интернационалната слава е крунисана со бројни награди, а тој пресвт го прави токму филмот од Виторио де Сика во 1961-вата година, "Чочара", каде Софија глуми мајка која се обидува да ја заштити ќерката во војната во Италија. Овој филм ќе и донесе дури 22 награди, меѓу кои и првиот Оскар како прва италијанска актерка, како и наградата на Канскиот филмски фестивал.
Со прогресот на нејзината кариера, нејзиниот приватен живот носи и нов скандал. Таа се мажи токму со нејзиниот продуцент Карло Понти во 1957-ма година, што претставуваше вистински шок за цела Италија, не само поради разликата во годините, туку и поради фактот дека Понти веќе беше женет а разводот во Италија беше нелегален.

Од бракот со Карло, Софија добива два сина, Карло Понти јуниор (во 1968-ма година), денес познат диригент, и Едвардо (во 1973-та година) кој е денес познат режисер.
Во 1981-ва година Софија ја одбива улогатата на Алексис Карингтон во прославената серија "Династија", додека во текот на 1982-рата година, повторно ги полни насловните страници на списанијата, поминувајќи 18 дена во затвор поради обвиненија дека таа затајувала данок.

Софија беше и остана позната и по тоа што целиот свој живот сакаше само еден човек, Карло Понти, со кого остана се' до неговата смрт во 2007-мата година. Софија беше жена полна со сексапил, а многумина дефинитивно поради неа останаа изгубени.
Денес, Софија Лорен живее во Женева и е позната е по своите духовити изјави, но и вечно препознатливиот моден стил. Таа е секогаш ведра и насмеана, и никогаш не престана да привлекува внимание каде и да зачекори.