Конечен биланс: Во Турција загинале 301 рудар

Точка

17/05/2014

17:50

2.947

Големина на фонт

а а а

Во Турција денес бил прогласен крај на операцијата за спасување во рудникот за јаглен во Сома откако биле извадени телата на двајцата погинати рудари, каде 301 рудар ги загубиле своите живот.

"Операцијата за спасување е спроведена кон крајот. Ниеден рудар не е оставен под земјата", потврдил турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз за новинарите во западниот град Сома, пренесува агенцијата AFP.

Во разорната експлозија во рудникот на западот на земјата животот го загубиле 301 рудар, додека 485 рудари побегнале или биле спасени, во најголемата некогаш рударска несреќа во Турција.

Нов пожар избил денес во истиот рудник, но на друга локација на 250 метри од местото на несреќата каде што рударите биле затрупани во вторникот.

Катастрофата предизвикала потреси ширум Турција, на кои демонстрантите ги обвиниле сопствениците на рудниците за игнорирање на сигурносните мерки поради профит, како и турскиот премиер Таип Ердоган.


Вчера во Сома се собрале околу 10.000 демонстранти, извикувајќи слогани против владата.

Демонстрантите се судриле со полицијата и во градот Измир, каде што биле поставени импровизирани барикади. Демонстрантите фрлале камења и молотови коктели кон полицијата, а 40 лица биле приведени, пишува турски Хуријет.

Протести имало и во Истанбул, каде жителите на градот удирале на лонци од своите прозори, во знак на протест против владата на Ердоган.

Управникот на рудникот во Сома, Комур Ислетмелери, изјавил дека се' уште не е познато што го предизвикало пожарот, но дека причината за смртта на рударите е веројатно труење со јаглерод моноксид.

Во вторникот во моментот на несреќата, 787 рудари останале заробени во рудникот, а се претпоставува дека до експлозијата дошло поради неисправен електричен трансформатор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг