Повеќе од 400 рудари заробени во рудник, најмалку 201 мртви

Точка

14/05/2014

09:59

2.285

Големина на фонт

а а а

Во времето на несреќата во турскиот рудник имало 787 луѓе. Пронајдени се 350, живи или мртви. Останатите се заробени два километри под површината.

Бројот на мртви при експлозија во рудник во Турција се зголемил на 201, а повредени се 80. Во моментот на несреќата во рудникот во Сома, провинција Маниса, имало 787 луѓе.


Спасувачите цела вечер се обидувале да дојдат до стотината рудари кои се уште се заробени. Семејствата се собрале на имотот на приватниот рудник, околу 450 километри западно од Анкара. Со нетрпение ги очекуваат вестите.

- "Го чекам син ми од вчера. Се уште не сум слушнала ништо", изјавила мајката на еден од рударите обидувајќи се подобро да види што се случува. Од сите луѓе кои биле во рудникот, 350 се пронајдени, живи или мртви, пренесува BBC.


Министерот за енергија Танер Јилдиз потврдил дека причината за несреќата е дефект на електричниот трансформатор. Во рудникот се вбризгува кислород бидејќи јаглеродот моноксид веќе зема доволно животи. Рударите се заробени два километри под површината и четири километри од влезот на рудникот.


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе го посети местото на несреќата и го откажал најавениот пат за Албанија. Сопствениците на рудникот за лигнит напоменале дека несреќата се случила и покрај највисоките стандарди за безбедност и дека нивниот приоритет е да ги извлечат преживеаните.


Аналитичарите кажуваат дека безбедноста на турските рудници е далеку зад останатите индустриски центри. Најлошата рударска несреќа која се случила во земјата била во 1992-ра година. Загинале 270 рудари во Зонгулдак на Црното Море.





Спонзорирани линкови

Маркетинг