Русите добиле засилување: Сухој 34 и официјално стана дел од воената авијација!

Точка

20/03/2014

15:58

6.851

Големина на фонт

а а а

По серија на извршени тестови и проби започна сериското производство на авионите Су-34.

Сухој 34 и официјално стана составен дел од Руската воена авијација, пренесуваат руските медиуми.


По серијата извршени тестови и проби започнале со сериското производство на авионите Су-34. Според изјавите на руските воени претставници овој авион ќе го замени постариот модел - сухој 24.

Да се потсетиме
Русија планира и тестирање на петтата генерација Т-50 руските борбени авиони во јули, изјавил командантот на воените воздухопловни сили, генерал Виктор Бондарев.

Тој додава и дека првата серија од овие воени авиони би можела да почне да се произведува во текот на 2014-та и 2015-та година. Ваквите борбени авиони од петта генерација ќе станат составен дел од руската авијација во 2016-та година.

Т-50, уште познат и како PAK-FA, прв пат полетал во јануари во 2010-та година, а на јавноста и' беше прикажан на аеромитингот во Москва во 2011-та година.