Google официјално вплови во секторот на носиви уреди. Компанијата го претстави Google Android Wear.
Системот е дизајниран за паметни часовници, а првите модели со овој оперативен систем ќе бидат од компаниите „Motorola“ и „LG“. Неколку основни карактеристики се веќе откриени и со самото претставување на системот.
Како клучна компонента ќе биде фитнесот, односно корисникот ќе може да види важни информации за брзината, километражата и времето кое го троши додека трча, вози велосипед или шета. Во часовниците ќе се користи Google Now, а пребарувањето ќе може да се врши со изговарање на гласовната наредба „ОК Google“. Тука и поддршка за повеќе екрани, па Android Wear може да се користи за пренос на видеа на Chromecast уред или пуштање песни на смартфон.
Google истакнува дека веќе работи на носиви уреди со постоечките Android партнери, како што се „Asus“, „HTC“, „LG“, „Motorola“ и „Samsung“.
Се споменува и дека некои модни брендови ќе нудат часовници со овој оперативен систем, и тоа веќе до крајот на оваа година.