За најголемата хероина од Втората светска војна веројатно и не знаете!

Точка

14/03/2014

18:00

8.262

Големина на фонт

а а а

Ирена Сендлер, која во 2008 година починала на 98-годишна возраст, целиот свој живот го посветила на хумана цел и „ја ставила главата во торба“ за да спаси безброј детски животи. Сепак, ретко кој слушнал за неа!

За време на Втората светска војна, Ирена добила дозвола да работи во гетото на Варшава како водоинсталатер и шивач. Сепак, таа имала повисока цел и мотив.

Ирена криумчарела еврејски дечиња на дното на торбата со алати која ја носела со себе кога ги вршела работите. Носела и поголема торба, за поголемите деца.


Чувала куче кое постојано го носела со себе кога одела да работи во гетото. Кучето било истренирано да лае кога ќе се приближат нацистички војници за да ја пуштат во и надвор од гетото.

На тој начин, додека кучето лаело ги прикривало звуците кои ги правеле децата кои таа ги криумчарела, па војниците не можеле да го забележат „криминалот“ кој таа го вршела.


Во текот на својата мисија, Ирена успеала да спаси 2500 еврејски деца.

Кога ја откриле и била притворена, нацистичките војници ги искршиле сите нејзини екстремитети и монструозно ја тепале на повеќе наврати.

Сепак, мисијата на оваа храбра жена не завршила. Таа не се поколебала и решила уште еднаш да направи добро за еврејската заедница.


Таа водела евиденција за сите деца кои ги спасила и нивните семејства од кои ги зела. Сите имиња на децата и нивните семејства ги чувала во тегла закопана во земјата, па откако војната завршила и Евреите биле повторно слободни луѓе, се обидела да ги спои сите деца со нивните семејства. Сепак, повеќето од семејствата биле убиени или од нив немало трага. Сите деца кои ја немале среќата да ги пронајдат своите семејства успеала да ги смести во дом или да им најде пристојно семејство кое ќе се грижи за нив.



Во 2007 година Ирена била номинирана за Нобеловата награда за мир. Но, не ја добила. Наместо неа, наградата припаднала во рацете на американскиот сенатор Ал Гор, за неговото дело во борбата против глобалното затоплување. Неправедно, би се согласиле многумина.


Нејзината приказна испирирала повеќе автори и истражувачи да посветат внимание и да го раскажат нејзиното хумано дело. Биле напишани неколку книги и филмови, меѓу кои и The Courageous Heart of Irena Sandler на Hallmark Entertainment.


Светот дури сега дознава за делото на оваа храбра жена. Се надеваме дека нејзиното име и дело ќе живеат низ многу генерации.