Топ 7 состојки кои треба да ги барате во производите за нега на кожата

Точка

13/03/2014

17:07

4.076

Големина на фонт

а а а

При купување производи за нега на кожата, не е секогаш добро да се водите според изреката дека „Ако е скапо, значи дека е добро“.

Ако производите за нега ги немаат следните состојки, без оглед на нивната цена, не можат да ѝ ја дадат потребната нега на вашата кожа. Еве за кои состојки станува збор:

Витамини
Со оглед на тоа што ги внесуваме преку храната, витамините треба и да ги внесуваме преку препаратите за нега и убавина. Станува збор за витамините „А“, „Б“, „Ц“, „Е“ и „К“, па некој од нив побарајте на пакувањето на производите за нега. Витаминот „Е“ е еден од најдобрите за хидратација и анти-ејџ, додека витаминот „А“ ги обновува клетките на кожата. Витаминот „Б“ е одличен за сувата кожа, а „Ц“ ги намалува ефектите од стареењето на кожата. На витаминот „К“ можете да сметате кога ви е потребна помош за кожата околу очите и подочниците.

Алфа-хидроксилни киселини
Многу е важно производите за нега на кожата да содржат алфа-хидроксилни киселини (АНА), затоа што тие стимулираат производство на колаген, помагаат кожата да ја задржи еластичноста и ја забрзуваат обновата на клетките на кожата.


Пептиди
Пептидите се едни од најдобрите состојки за нега на кожата, за кои веројатно не сте слушале многу. Тие го зголемуваат производството на колаген и ги намалуваат знаците на стареење на кожата. Просечен производ за нега на кожа содржи неколку различни типови пептиди, како што се аргирилен и пентапептид 3, така што не очекувајте дека на производот ќе пишува само пептиди.

Ретинол
Корисен е поради тоа што стимулира обнова на клетките на кожата. Дериватот на витаминот „А“, ретинолот, всушност може да продре во внатрешниот слој на кожата и да ја поттикне да произведува колаген и еластин во подлабоките слоеви. Колагенот и еластинот помагаат вашата кожа да биде мека и чиста.

Салицилна киселина
Салицилната киселина е позната под името бета-хидроксилна киселина, и е уште една одлична состојка за нега на кожата. Исто како и останатите состојки, помага во обновување на кожата и е многу значајна за оние на кои кожата им е прерано остарена или имаат оштетувања од УВ зраците. Таа може да ја подобри текстурата на кожата, а истражувањата покажуваат дека е поблага од алфа-хидроксилната киселина, па ако имате чувствителна кожа, имајте го ова на ум.


Екстракт од зелен чај
Кога велиме зелен чај, мислиме на антиоксиданс, а токму поради тоа зелениот чај е една од најдобрите состојки за нега на кожата. Користењето производи за нега на кожа на база на зелен чај, ви нудат антивоспалителни својства. Покрај тоа, овој екстракт може да ви помогне во борба против слободните радикали и да ги поправи оштетувањата предизвикани од негативното влијание на сонцето врз вашата кожа.

Соја
Производите за нега на кожа на база на соја може да ви помогнат да ја осветлите кожата. Покрај тоа, помагаат и да се намали процесот на стареење на кожата и да се забрза обновата на клетките.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk