Какви мажи бараат богатите жени?

Точка

12/03/2014

16:04

2.778

Големина на фонт

а а а

Луѓето обично бараат одредени сличности во врските за тие да опстанат, но богатите жени бараат маж чиј збор ќе биде последен!

Околу 77% од испитаните жени кои се многу богати и сметаат дека се дел од демократското општество не сакаат маж кој е либерален. Според агенцијата на спојување на богати луѓе, „MillionaireMatch.com”, богатите жени крај себе сакаат конзервативни мажи.

Освен што веруваат во традиционалните семејни вредности, па конзервативен маж им е идеална прилика, веруваат дека таквиот маж има и повеќе амбиции и дека е помажествен.

Една од испитаничките изјавила дека конзервативните мажи се едноставно оние вистинските бидејќи „ги носат пантолоните во врската“ и знаат како да се однесуваат со дама. Друга богата жена изјавила дека политичката определба не и е важна, но важно и е да биде задоволна со својот партнер. Сепак, само 10% од богатите жени изјавиле дека би биле во врска со либерален маж.

Дарен Шустер кој е дел од агенцијата тимот на „MillionaireMatch.com” смета дека повеќето испитанички така размислуваат затоа што и самите пораснале во конзервативни семејства, па мислат дека тоа е единствениот правилен начин на живеење.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk