Бело виножито: Редок природен феномен

Точка

11/03/2014

10:04

3.537

Големина на фонт

а а а

Како што и самото име зборува, белото виножито е сличен феномен на класичното виножито, само што не го покажува својот спектар на бои, туку е бело.

Познато е уште како „магловит лак“, и за разлика од обичното виножито не се појавува после дожд, туку може да се види само во магла. За разлика од виножитото во боја, белото виножито понекогаш може да формира и цел затворен круг, поради што изгледа уште поспектакуларно.

Ваквата појава често може да се види и над облаците, а пилотите ја нарекуваат „облачен лак“, или пак на море, каде морнарите ја нарекуваат „морско куче“. Исто така, ваквите виножита некогаш се појавуваат и ноќе, а тогаш се нарекуваат „месечев магловит лак“. Погледнете како изгледа оваа ретка природна појава:

















Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk