Радија, лаптопи, смартфони, па дури и неколку автомобили се направени од овој природен материјал. Секако, постојат и дрвени велосипеди. Ние денес ви го претставуваме Analog One, кој не е првиот дрвен велоспед на светот, но е најубавиот.
Секој велосипед е внимателно изработен од „Греинворкс“, мала компанија во Калифорнија, а цената од 3600 евра гарантира дека купувате нешто уникатно.
Можете дури и да изберете од каков тип на дрво да ви биде направен велосипедот, а во опција е и избор на повеќе дизајни. Деловите кои што не се направени од дрво, како што се гумите, кочниците и ланецот, се земени од реномирани производители.
Мајк Песок, човекот кој стои зад компанијата „Греинворкс“ вели дека велосипедот треба да го сметате за уметничко дело, со оглед на тоа што сѐ уште не е официјално одобрен да се вози на улиците во САД.