Симтоми за рак на пенисот

Точка

26/02/2014

14:02

25.172

Големина на фонт

а а а

Доколку забележите било какви промени на вашиот полов орган, посебно во пределот на главичката, не чекајте!

Со оглед на тоа што ракот на пенисот претставува релативо ретка болест, сексолозите, уролозите, дермато-венеролозите и останатите лекари често не успеваат да го дијагностицираат на време, туку на почетокот мислат дека нивниот пациент има некоја сексуално пренослива болест.

Но, во последните децении, бројот на мажи со рак на пенисот е драстично зголемен. Како што покажуваат истражувањата, денес во светот има дури 30% повеќе мажи со ова заболување, отколку што имало пред десетина години.

Експертите сметаат дека главните причини за тоа се промените во сексуалното однесување, и со самото тоа се зглемува ризикот за полово преносливи болести (посебно ХПВ, односно кондиломи). Со оглед на фактот што ова заболување во муслиманскиот свет и кај еврејската популација се јавува многу поретко, лекарите сметаат дека необрежувањето на пенисот претставува голем фактор на ризик за појава на туморот.

Туморот најчесто се јавува на кожичката која го прекрива пенисот и на главичката, а ризикот од рак е поголем ако мажот пуши, затоа што хемикалиите од цигарите предизвикуваат иритација на слузокожата и ширење инфекција.


„Овој вид рак до сега беше прилично ретка појава, а кога ќе забележат некој симптом мажите обично се срамат да побараат помош. Но, тоа само ја влошува состојбата. Важно е да реагирате на вистинските симптоми и што поскоро да посетите лекар“, советува Ребека Порта, директорка на Британското здружение за борба против малигни болести кај мажите.

Ако имате било кои од споменативе симптоми, задолжително посетете уролог. Може во прашање е нешто сосема безопасно, и ќе помине само од себе, но сепак не ризикувајте.

Ова се клучните симптоми за рак на пенисот:

Израсток на пенисот кој никако не поминува
Крварење
Црвен осип под кожичката
Кафеави плочести израстоци
Отежнато повлекување на кожичката
Исцедок со непријатен мирис
Необични промени во бојата на кожата на пенисот
Отечени лимфни јазли во предел на препоните

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk