Претседателот на Украина се согласил на предвремени избори

Точка

21/02/2014

14:01

2.448

Големина на фонт

а а а

Според информациите од Министерството за здравство, од 18. февруари до денес загинале 77 лица, а 577 биле повредени. Јанукович се согласил на предвремени избори и промени на уставот.

Ситуацијата во главниот град на Украина денес повторно се заострила, иако рано утрово било мирно. Демонстрантите почнале да пукаат кон полицајците, но полицијата успеала да ги прекине судирите, изјавиле од тамошното Министерство за внатрешни работи. Во текот на вчерашниот ден во Киев загинале десетици луѓе, додека стотици биле повредени.



Video streaming by Ustream

Претседателот Виктор Јанукович истакнал дека се согласува на предвремени избори оваа година. Додал дека се согласува и со промените во уставот, со кои ќе се намали претседателското овластување во Украина.



Според официјалните информации од украинското Министерство за здравство, од 18. февруари до денес загинале 77 лица, а 577 биле повредени. Неколку мртви тела на демонстранти биле доведени на Плоштадот на независноста во Киев. Демонстрантите извикувале: "Маченици" и "Херои". Некои од демонстрантите плачеле. Меѓу жртвите има многу луѓе постари од 30 и 40 години.

Се стравува дека бројот на загинати ќе биде поголем од 100



Парламентот изгласал прекин на огнот и повлекување на воените сили
Во Киев во текот на вчерашниот ден имало вонредна седница на парламентот. На седницата во еден момент дошло до тепачка меѓу пратениците.

Пратениците ја изгласале резолуцијата за прекин на огнот на улиците на Киев и повлекување на воените сили.

За оваа одлука гласале 238 пратеници, од 239 регистрирани во парламентот.

Оваа резолуција бара прекин на огнот и враќање на војниците во нивните матични касарни. Исто така, предвидена е забрана за користење на оружје.


Не е прогласена вонредна состојба
Вонредна состојба не била прогласена. Како што се нагласува во резолуцијата, вонредна состојба може да прогласи само Парламентот во мнозински состав.

По гласањето сите пратеници ја запеале химната на Украина. Опозиционите лидери славеле по донесувањето на резолуцијата. Исто така, парламентот одлучил непрестајно да заседава, се додека не заврши политичката криза.


Европските министри и Јанукович преговарале цела ноќ
Американскиот претседател Барак Обама разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Украина. Исто така, министрите за надворешни работи на ЕУ одлучиле да одредат санкции за украинските власти поради нередите во земјата.

Во Киев во четвртокот пристигнале министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска. Иако планирале да останат еден ден, својата посета ја продолжиле до денес. Според BBC, цела ноќ разговарале со претседателот Виктор Јанукович.

Денес наутро било објавено дека министрите на ЕУ, Јанукович и опозиционите сили сепак постигнале договор, а се очекува во секој момент да се потпише и меморандум.













Спонзорирани линкови

Маркетинг