Бројот на загинати во протестите во Киев се зголеми на 77!

Точка

21/02/2014

09:40

2.539

Големина на фонт

а а а

Бројката на загинати во судирите помеѓу властите и опозицијата во Киев, во понеделникот вечерта достигна 77, соопшти Министерството за здравство на Украина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ постигнаа договор денес да се укинат визите и да им се замрзнат средствата на оние со "раце извалкани со крв."

Претходникот биланс изнесуваше 67 мртви. Министерството додаде дека од вчера попладне "хоспитализиралe 76 лица во тешка состојба".


Пратениците од украинскиот парламент ја изгласале вчера вечер резолуцијата за прекин на насилството во таа држава.

На седницата присуствувале 239 делегати, од вкупно 450.

Во главно биле присутни претставници на опозицијата. Пратениците изгласале дека насилството треба да биде завршено, да се забрани употреба на оружје против демонстрантите, да се повлечат војниците и полициските единици, пренесува BBC.

За резолуцијата гласале и 34 членови на партијата на Јанукович.



Во Киев, шефовите на дипломатиите на Полска, Германија и Франција - Радослав Шикорски, Франк Валтер Штајунмајер и Лоран Фабијис, во име на ЕУ цел ден наизменично преговарале со Јанукович и со лидерите на опозицијата за смирување на конфликтот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг