Јанукович: 20 февруари ден на жалост во целата земја

Нетпрес

19/02/2014

13:07

1.047

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, го прогласи 20 февруари за ден на жалост во целата земја, поради сите жртви гои загинаа за време на немирите.

Информацијата е објавена на сајтот на шефот на државата, пренесе „РИА Новости“.

„Сите знамиња во Украина што се наоѓаат на згради и објекти на државната власт, на органите на локалната самоуправа, државните претпријатија, установи и организации, ќе бидат спуштени на половина копје, како знак на жалост. Утре нема да се емитуваат забавни програми, ќе бидат откажани сите концертни натани, спортски натпреварувања, ќе се внесат соодветни промени во програмите на радиата и телевизиите“, се вели во соопштението од Јанукович.


Спонзорирани линкови

Маркетинг