Согласно законот за лекови и ортопедски помагала, Министерството за здравство заедно со фармацевтите изготвија ОТЦ листа на која што се наоѓаат лекови кои граѓаните ќе може да ги купат во супермаркети и бензински пумпи. Овие лекови се за самолекување, безбедни се за конзумација и во аптеките можат да се купат без рецепта.
Станува збор за 108 производи, а меѓу нив се андол 300, парацетамол, ефералган, линекс, линекс форте, проспан, бромлес, витамини и други, односно лекови кои граѓаните ги употребуваат при првична помош на здравствени потешкотии, без да се јават на лекар.
„Со законските измени овозможено е продажба на лекови од ОТЦ листата која што е направена според критериумите во САД и европските земји. На овој начин, лековите ќе бидат подостапни во реоните кои што се подалеку од аптеките или каде што има помала населеност во тие места“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Супермаркетите и бензинските пумпи кои сакаат да продаваат вакви лекови треба да се регистрираат во Министерството за здравство, за да бидат подложни на контроли од страна на бирото за лекови. Условите за продажба ќе треба да бидат исти како и за аптеките.