Нов таблет со екран како на HD телевизор

Точка

04/02/2014

14:08

1.572

Големина на фонт

а а а

Од јапонскиот производител „Тошиба“ пристигнува нов таблет со име Excite Pro, кој донесува одлична графика и квалитетен звук.

Дизајн
Карактеристично за „Тошиба“, овој модел доаѓа со заоблени рабови и благи шари на задната страна, за полесно држење. Убав детаљ е капакот за портови од левата страна, додека стерео звучниците Харман/Кардон се наоѓаат на задната страна. Уредот е малку тежок, па на некои корисници нема да им биде погоден за долго користење.


Екран
Најдобриот сегмент е екранот од стандардни 10,1 инчи и напредните 2560 х 1600 пиксели. Со овие карактеристики без проблеми ја победува конкуренцијата и нуди одличен преглед. Гледањето HD снимки е на високо ниво, и корисникот може да ги види сите детали. Единствена слаба страна кај дисплејот е јачината на осветлување, која е послаба во однос на конкуренцијата.


Хардвер
Покрај одличниот екран, таблетот има и многу добар хардвер кој го сочинува Тегра 4 процесор и 2 ГБ работна меморија. Ваквите карактеристики го прават таблетот еден од најмоќните на пазарот. Сепак, проблем може да претставува благото прегревање при долго користење. Камерите се во ранг на конкурентските и доволни се за солидни фотографии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk