Како да се чувствувате убаво кога сте голи?

Точка

21/01/2014

11:07

2.688

Големина на фонт

а а а

Сите понекогаш сме се виделе голи во огледало и не сме се чувствувале најпријатно.

Секогаш постои нешто што ни пречи и ни ја руши самодовербата. Но за среќа постојат начини како да го решиме тоа.

Прифатете се себеси
Наместо да се мотивирате со вежбање за да се ослободите од неколкуте килограми вишок, пробајте со позитивна мотивација. Кога ќе се концентрирате на она што го сакате и ќе се прифатите себеси, полесно ќе работите на промените. Во вашиот гол одраз воочете ги вашите предности и истакнете ги.

Почестете се со масажа
Најдете малку време за себе, земете го омиленото масло за тело и масирајте се нежно со многу љубов и проучувајте го своето тело. Можеби имате многу недостатоци, но има и многу добри страни.Отфрлете ги негативните чувства и уживајте во чувството на слобода.

Бидете воајер
Застанете пред огледало и гледајте се од 15 до 30 минути. Концентрирајте се на делот од телото кој најмалку го сакате и пробајте што помалку да се осудувате. Обидете се да ги засакате сите делови од вашето тело затоа што се само ваши!


Преуредете ја собата
Собата искречете ја во некоја нијанса на розево и вашиот тен ќе изгледа подобро. Црвеникавите и розеви ѕидови даваат посебен одраз на кожата. Запалете неколку свеќи и во вистинската атмосфера ќе чувствувате повеќе самодоверба.

Вежбајте стриптиз
Научете некои танцувачки чекори за да изведете успешен стриптиз. Со таа вежба ќе бидете во подобра форма, а воедно и ќе добиете повеќе самодоверба.

Депилирајте се
Депилирајте се на интимната зона, затоа што така ќе се чувствувате многу посекси.

Снижете ги критериумите
Кај другите жени гледаме што имаат и што ни се допаѓа. Но кон другите имаме поинакви, пониски стандарди и критериуми, а кон себе сме секогаш покритични. Како резултат на тоа, се чувствуваме инфериорно. Затоа време е и себеси да почнеме да се оценуваме пореално.

Позирајте голи
Иако можеби воопшто не ви се допаѓа оваа идеја, сепак пробајте да го направите тоа со партнерот. Нормално доколку целосно му верувате, а фотографиите подоцна уништете ги.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk