Одмаздата на Легија

Точка

17/01/2014

09:27

13.705

Големина на фонт

а а а

Милорад Улемек Легија открил кој го убил новинарот Славко Ќурувија, за да се одмазди на поранешниот шеф на ДБ, Радомир Марковиќ.

„Легија не му прости на Марковиќ што во текот на истрагата ’Сабње’ признал дека Иван Стамболиќ го убиле, и атентатот на Вук Драшковиќ во Будва го извеле, под командата на Милорад Улемек, припадници на Единицата за специјални операции познати како ’црвени беретки’, како и дека тоа го направиле по наредба на Слободан Милошевиќ“ – рекол извор од истрагата за српскиот весник Блиц.


Изворот потестил и дека Улемек не го прифатил Марковиќ како шеф на ДБ, бидејќи стоел зад Јовица Станишиќ и Франко Стаматовиќ. При давањето на исказ, на 8 јануари 2014, сведочел дека сознанијата за убиството на Ќурувија добил и од самиот Марковиќ, но тогаш не сакал да открие кој е мотивот, туку само рекол:

„Помина времето, созреав и еве веќе десет години сум во затвор“.

Кога Комисијата за истражување на убиството на новинарот открила дека Оливер Антиќ, советник на претседателот на Србија и претседател на Комисијата за помилувања, му ветил на Марковиќ дека ќе излезе од затвор, тоа било сигнал за Улемек дека поранешниот шеф на ДБ е подготвен да признае уште нешто.

После Легија, на 10 јануари сведочел и Милош Симовиќ, припадник на земунскиот клан. Симовиќ порано раскажал дека Улемек во еден клуб му покажал човек за кого рекол: „Овој го уби Ќурувија“. Симовиќ подоцна препознал дека се работи за Мирослав – Мики Курак, кој сега е осомничен како непосреден убиец на Ќурувија.


Познато е дека е сведок соработникот Дејан Миленковиќ Багзи, припадник на земунскиот клан, кој порано сведочел дека Улемек и Душан Спасојвиќ Шиптар планирале да ги убијат сега осомничените Курак и Ратко Ромиќ. Меѓутоа, Курак и Ромиќ откиле дека ги следат „земунци“, па закажале состанок со Улемек и Спасојевиќ, после што се откажале нивните ликвидации.

Исказот на Улемек е поткрепен со исказите на уште два сведоци чиј идентитет се сокрива поради нивна безбедност.

Обвинителството за организиран криминал сега го сомничи Радомир Марковиќ, шеф на ДБ, дека го наредил убиството на новинарот, а неговиот помошник Милан Радоњиќ, шеф на Центарот за државна безбедност во Белград, го организирал.

Поранешниот шеф на ДБ ќе биде сослушан и како осомничен, па теоретски уште постои можност и самиот Марковиќ да открие кој го нарачал убиството на новинарот. Постои сомнеж дека тоа го направила Мирјана Марковиќ, тогашна претседателка на Југословенската левица (партија во тогашната власт) и сопруга на претседателот Слободан Милошевиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг