Дваесет најдобри студенти ќе ја добијат стипендијата "Борис Трајковски"

Нетпрес

06/12/2013

09:54

971

Големина на фонт

а а а

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска свечено ќе ги додели стипендиите "Борис Трајковски" за академската 2013/2014 година.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг