Најдобра храна за раст на мускулната маса

Точка

05/12/2013

14:04

10.500

Големина на фонт

а а а

Сите мажи знаат дека за раст на мускулите најважни се протеините.

При вежбањето, а особено за време на дигање тешки тегови, се оштетуваат мускулните влакна, после што се активира процесот за опоравување, кога всушност растат клетките на мускулите.

Но, за поголеми мускули потребно е многу повеќе од протеини. Дигањето тегови влијае и на пад на енергијата во облик на мускулен гликоген, па вашата исхрана мора да вклучува порција јаглехидрати за обновување на мускулниот гликоген и покачување на инсулинот, хормон кој помага да се сместат аминокиселините во мусулите. Еве кои намирници се најдобри за раст на мускулите.

Бадеми
Само една четвртина шоља бадеми содржи 8 грама протеини. Тие се одличен извор на магнезиум и незаситени масти добри за срцето.


Посно сирење
Најчест избор на професионалните бодибилдери е всушност посното сирење. Само половина шоља посно сирење има 14 грама протеини, 80 калории и само 2 грама масти.


Чоколадно млеко
Чоколадното млеко содржи битни аминокиселини и многу малку масти, и затоа е идеална намирница за мешање со „whey“ протеин.


Говедско
Црвеното месо, како говедското, е идеален избор на протеини. Само 100 грама немасно говедско месо има повеќе од 27 грама протеини, многу витамин Б12, цинк и железо – сите потребни нутритиенти за раст на мускулите.


Соја
Секој облик на соја е одличен природен извор на протеини од растително потело. Само една шоља варена соја содржи повеќе од 20 грама аминокиселини. Сојата содржи и бројни други витамини и минерали, пa добро е да ја вклучите во секојдневната исхрана.


Јајца
Едно јајце има 5 до 6 грама протеини и само 60 калории. Но, протеинот од јајцата поради својата висока биолошка вредност, е еден од најкорисните протеини, што ја прави оваа намирница многу ефикасна при растот на мускулите.


Пилешко
Можете да го подготвите на стотици начини, а 100 грама пилешко содржи дури 31 грам протеини и само 4 грама масти.


Риба
Кога сакате изградба на мускулни влакна, рибата е најдобар избор на храна. Лососот содржи 25 грама протеини во порција од само 100 грама, а е преполн со незаситени масти, омега 3 масни киселини и витамин „Д“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk